За концертот на Тоше, српските медиуми известуваа неколку дена претходно, респектирајќи го како голем и централен настан во српската метропола. Тоше со своето тричасовно шоу успеа да го докаже тоа.
Над 19 илјади посетители беа дел од тричасовниот спектакл што го приреди нашата најголема ѕвезда Тоше Проески во една од најатрактивните сали на балканските простори. Дочекан како вистинска ѕвезда, со овации и врескања, по шестгодишна пауза Тоше повторно им се обрати на своите белградски фанови – за почеток се прекрсти, се помоли, а по првото појавување на сцената падна на колена пред публиката која реши Денот на вљубените, Св. Валентин, и Денот на лозарите, Св. Трифун, да ги прослави со најголемите хитови на нашиот миленик.
„Првпат ми се случува концертот уште да не е почнат, а веќе да се плашам дека ќе заврши!“, изјавил Проески, кој уште по првите акорди на хитот „По тебе“ („Пратим те“) се очекуваше дека ќе обезбеди вечер во која сите ќе уживаат. Разигран, елегантен, секогаш ведар и насмеан продолжи во исто темпо и глас со публиката. Се редеа „Љубена“, „Лејди“ (во соло-изведба на гитара), „Кој ли ти гризе образи“…
Сега се поставува прашањето дали некогаш ќе добиеме нешто слично на ова????
http://www.youtube.com/watch?v=ToLt-cPK_ok
http://www.youtube.com/watch?v=L4pRisXf9Mo
http://www.youtube.com/watch?v=guUhO3ogWTI
http://www.youtube.com/watch?v=bykVmIf7rHg
http://www.youtube.com/watch?v=HR9_VUiV9IM