Ана Мековијак прво го онесвестила момчето, а потоа му вадела заб по заб.
Варшава – Ана Мековијак, која по професија е стоматолог, решила да му се освети на поранешното момче. Таа го избрала најсуровиот начин што го знае и му ги извадила сите заби.
Бидејќи момчето Мерек Олзевски имал силна забоболка, решил да побара помош од својата поранешна девојка, која неодамна ја оставил.
Жената го уверила дека ќе му помогне, но му дала голема доза седатив и момчето се онесвестило, а таа му ги извадила сите заби.
Кога се освестил, бившата му кажала дека мора да побара помош од специјалист, бидејќи за време на интервенцијата дошло до компликации.
Мерек подоцна правдара ја барал на суд, а забарката се бранела со тоа дека се обидела да биде професионалец, но ја обземале емоциите.
Сепак, ако ја прогласат за виновна забарката може да добие казна од три години затвор.