Наставниците не смеат да се облекуваат провокативно, сега тоа е и официјално пропишано дека вработените во училиштата не смеат да носат премногу отворени блузи, провидна гардероба и танга гаќи.
Градоначалниците на неколку македонски градови одлучија да го пропишат стилот на облекување за вработените во основните и средните училишта. Па така, наставниците нема да смеат да се облекуваат во блузи кои се премногу отворени или го истакнуваат деколтето, ниту онакви со гол грб, како и облека која провидна, а особено несмеат да носат танга гаќи.
Пропишувањето на овој дрес код е објавено поради неколкуте пријавени случаи дека наставниците се облекувале премногу „слободно“.