Жителите на местото Running Waters во Велика Британија ги изненади ладен туш но не од небото.
На една улица во наведеното место пукнала водоводна цевка после што се направил фонтана висока десет метри која со својот интензитет ги зафатила околните куќи.
Мештаните кои се најдоа на патот на новонастанатата фонтана, никој не би им замерил што помислиле дека после недела ден обилни врнежи,се случил нов обилен дожд, но тоа не било во случајов.
Водата се слевала низ оџаците,а автомобилот паркиран пред куќата и се што бил неколку метри од пукнатата цевка претрпило голема штета пренесува Daily Mail.
Инцидентот се случил во почетокот на овој месец во попладневните часови,а траел повеќе од саат време пред работниците да успеат да го прекинат доводот до пукнатата цевка.Ова наводно не е прв пат водоводни цевки да пукаат во ова место бидејќи истава работа се случила уште три пати во текот на последните седум години.