Запознајте ги луѓето кои имаат 100 внуци :)))

popara1 јануари, 20121min00
100vnuci

Двајца канаѓани го дочекаа своето 100-то внуче.

Брачниот пар од Канада, Виктор и Анета Урих, го дочекаа своето 100-то внуче. Виктор и Анета двајцата имаат по 60 години, а живеат во градот Гранд Прери, во канадската провинција Алберта. Овој брачен пар има 16 деца кои и самите сега имаат големи семејства, а огромна радост внесе стотиот внук.

Малиот Хенри, деветото дете на нивниот син Хајнрих и неговата сопруга Татјана се роди пред две недели.

„Многу сме среќни, го очекувавме со нетрпение. Половина од нашите внуци имаат канадски, а половина руски имиња“, изјавил Виктор кој по потекло е од Русија.

Семејството е толку големо што за секунда можете да најдете помош ако ви затреба.

„Во вакво семејство никогаш не е досадно, секогаш нешто интересно се случува“, изјавил гордиот дедо рекордер.

Сепак случајот на Виктор и Анета не е исклучок, бидејќи пред неколку години Би-Би-Си направи репортажа за брачниот пар Ранди и Филип Бекеволд кои го прославиле исто така раѓањето на 100-то внуче.

Апсолутна рекордерка е вдовицата од Филипини Баи Улан која има 107 внуци и 138 правнуци. Она што е необично за оваа старица е дека ги знае сите имиња на внуците.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag