Запознајте ја земјата на бескрајната убавина – Шри Ланка…

popara6 април, 20123min00
nasshri

Запознајте ја  државата која мами со својата едноставност, авантуристички можности и  бескрајна убавина…

Доколку не сте знаеле, циметот потекнува од Шри Ланка, а го пронашле Египјаните. Препорачливо е доколку се најдете во оваа земја да  имате ќесичка кикирики и да ги нахраните малите слонови во Пинавали, а понесете си и книга за време на долгото, но интересно патување со воз низ брегот. Шри Ланка е сé повеќе популарна помеѓу туристите. За интересот, кажуваат и бројките. Изминатава година, овој преубав остров бил посетен од страна на 800.000 туристи.

Главниот град, Коломбо е доста атрактивен за туристите кои сакаат да ги истражуваат светските убавини. Шри Ланка се смета и за колевка на будизмот и разни предмети од оваа религија се чуваат и се користат за посебни церемонии. Церемониите се проследени со свечен процес кој трае неколку дена и во кој учествуваат стотина слонови од храмови, национални играчи, предводници и носители на знаменитости. Најпопуларно место во Шри Ланка е „Златниот храм“ во Дамбули. Манастирот во кој живеат будистичките монаси е покриен со преубави мурали стари 2000 години.

Никако не смеете да ја пропуштите ајурведската масажа специфична за овие простори, а секако и третманот широндара кој ќе Ве освежи, опушти и ќе Ви ги изостри сите сетила. Ако сте гурман, сигурно нема да одолеете на пиринач и кари, подготвени во  глинени садови, гриловани морски плодови, подготвени во селски куќи и уште многу специфични и преубави специјалитети. Шри Ланка е позната по ракотворбите… На враќање не заборавајте да понесете резбани дрвени предмети, рачно правени маски и ткаенини со печатени мотиви. Просечната температура преку целата година е 27 степени Целзиусови…

Донесете ја Вашата животна одлука и имајте го најубавото патување…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag