Зарем Стојко ја уби романтиката!?

6 февруари, 20120
543

Здраво го познаете ли Столе? Добро не е Столе, неговото родено име е Стојко! Презимето па и не е важно. Ете роден беше со такво проклетство. Роден е како крајно безперспективно дете на маргините од големиот главен град, или кажано поинаку како копиле на транзицијата. Моментално е вработен како пакувач на хамбургери во една од попознатите градски сендвичари за брза храна, па така драги пријатели печали чесно колку да ги закрпи вечните сметки за комуналии, да плати школарина, лекови итн. Нема ништо интересно во неговата професија, но како што се гледа, среќен е, зошто Големиот Стојко е конечно мртов, а со тоа се мртви и комплексите кои го следеа од самото раѓање.. Па остана едноставно да го викаме Столе. Нема ништо интересно и во Столе, па затоа би сакал да ви ја кажам приказната за Стојко т.е. пак ќе повторам проклетсвото со кое се роди..

Како 4-то дете во шестчлено пролетерско семејство, па и животот во главниот град немаше што посебно да му понуди, но сепак тој беше среќен. Еве зошто! Немаше пари, немаше ништо наследено, немаше никакви врски неговото семејство, скоро баш ништо. Можеби немаше ништо и беше никој и ништо, но единственото неисцрпно богатство кое му даваше мотив да го сака животот макар спакуван и во грда амбалажа, единственото богатство кое никој не можеше да му го одземе, беше и сеуште е неговата длабока, бесконечна и бујна фантазија. Фантазираше постојано и тоа насекаде: во школо, во автобус, додека чекаше автобус, додека пешачеше, па исто и во слободно време, во работно време, додека купуваше на пазар,додека гледаше телевизија, додека ручаше, додека учеше, додека љубеше други, а не неа.. Е сега, „неа“ е всушност Жане. Таа беше причината поради која мораше тој да го убие оној дел од себе кој се викаше Стојко.

Жане беше една од најубавите руси девојки кои воопшто ги имаше видено, со бесконечно сини очи во кои постојано тонеше но никако да потоне до дното. Имаше и кристално бела насмевка, па од одблесокот добиваше тотално слепило, од кое не можеше да ги гледа работите какви што навистина се во реалноста, па затоа еден ден реши да ја остави романтиката на страна.. Времињата беа такви што љубовта не можеше да живее само од романтика, туку мораше да се долева со горивото на љубовта наречено пари…

Дел 2

Уште неколку работи да кажам за Жане, колку да ви ги појаснам работите, пријатели. Никоја не го сакаше Столе, заради неговата бујна фантазија, туку сите тие го сакаа само заради онаа половина од Столе, негово проклество наречено Стојко. Целата уметност во оваа приказна е тоа што единствено Жане го сакаше Столе баш таков каков што навистина е тој длабоко во себе, а не така како што изгледа. Жане не беше единствената девојка со која беше Столе, но тој ја одбра неа (покрај останатото) бидејќи само со неа тој не се чувствуваше како една форма на машка проститука.

Како што поминуваа годините, зрелоста си носеше уште позрели проблеми, што едноставно кажано може да се спакуваат со тој магичен збор – пари. Дали парите ги разделија Столе и Жане? Тоа сеуште не се знае, но тоа го убиваше Столе и го правеше многу гневен што реши за брзо време да заработи брзи пари со своето проклетство кое му ги отвараше вратите, кога беа парите во прашање. Беше убеден дека тоа е единствениот начин да ја задржи Жане до себе. Стана тоа што најмногу го мразеше, обична машка проститутка. Спиеше со возрасни деловни и елоквентни госпоѓи за прилично солидна сума за машката проституција во оваа земја! Еве ќе ви кажам, колку да не ве држам во неизвесност, конкретно за 100 евра од час, а посредник му беше еден негов познаник и полупријател кој се викаше Дилавер! Немаше цел, немаше идеа што со толку пари но едноставно гледаше да ги направи што е можно повеќе.
Јавна тајна беше дека главниот град е баш како мало село, па така и „чаршиските муабети“ го утепаа. Жане ја дозна целата работа и беше премногу огорчена од таа информација  што повеќе не сакаше да го погледне Столе во очи, зошто тој всушност и не беше Столе, тој беше Стојко, машка проститука на која парите му го заматија умот. Стојко постојано и праќаше луксузни подароци во вредност од неколку стотици евра, но се разбира таа никогаш не ги прифати. Жане еден ден се спакува и го напушти градот, и не се знае кај е, и дали ќе се врати повторно…

Дел 3

Откако замина Жане, замина и бизнисот на Стојко, зошто не можеше да доживее ерекција па често го отфрлаа незадоволните клиентки на улица баш како тој да е куче! А богами остана и куче! Талкаше низ градот во огромни депресии и никако не можеше да си го најде својот дом. Со последните заштедени пари купуваше алкохол и лесни дроги од околните дилерчиња, се со намера да ја отфрли од глава неговата Жане. Ја изгуби и неговата бујна фантазија што за него беше исто како да го изгубил животот. Конечно го допре дното кое никогаш не можеше да го допре во очите на Жане..

Помина доста време од тогаш… Времето го излечи. Неговата фантазија повторно почна да дава знаци на живот.

Иако беше романтичен дечко по природа, Столе не беше кукавица и слабак да заврши на долната страна од паричката, па реши да ги превземе работите во свои раце. Тоа што го уби го направи уште посилен. За почеток сега работи во сендвичара за брза храна. Ете следно што направи, ми ја продаде приказнава, а за понатаму ништо не се знае..

Со тоа што ми ја продаде приказнава очигледно ми беше дека Столе сеуште е Стојко, дека очигледно не го „убил“ тој дел од себе. И кога му ги давав парите на рака ги стави во џеб се насмевна и на заминување ми рече: Знам дека ти ми веруваш дека не го направив ова за пари…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber