Ѕвездата на “Смрак” покажа дека ако си познат и популарен не значи дека треба да бидеш културен и љубезен!
Вчера Кристен Стјуарт во Париз изработила заводливо снимање за Vanity Fair. Позирала пред објективот на познатиот фотограф Марио Тестино, а на снимањето се појавил и познатиот дизајнер Карл Лагерфилд.
Ѕвездата на “Смрак” на снимањето одлично се забавувала, но покажала и некои чудни манири – без оглед на тоа што до неа стоел Лагерфилд, таа во еден момент го покажала средниот прст. По снимањето Кристен се поздравила со обожавателите, им поделила автограми и со некои од нив се фотографирала.