Сузан Престон од Ричмонд, Индијана веројатно е една од ретките луѓе кои го сакаат својот шеф. Сузан одлучила да донира еден бубрег на својот бивши шеф Брус Додс, со надеж дека тој брзо ќе се опорави и ќе биде здрав и дека со своето семејство ќе помине уште долги години.
Сузан и Брус заздравуваат по операцијата која била направена на 7 декември во Универзитетскиот здравствен центар во Индијанаполис, каде Додс го добил бубрегот од Престон.
Тие двајца се запознале пред осум години, кога Додс и станал шеф на Сузан на Ерлхам Колеџот во Ричмонд, каде жената работела како асистент на асминстрацијата.
Интересен е фактот дека и двајцата имаат по три деца, како и дека во исто време станале родители. Тие работеле заедно пет години, се додека Брус не се разболел.
„Нејзиниот подарок за мене значи повторно нормален живот“, изјавил Брус.
„Едноставно ми е драго што можев да му помогнам на Брус“, изјавила Сузан.
„Докторот ми кажа дека сум бил многу добар шеф“, додал низ смеа Брус.