Американската полиција открила заговор во кој тројца мажи планирале да го кастрираат и убијат Џастин Бибер, пренесе британски Телеграф.
Според полициските податоци, Марк Стајк и неговиот внук Танер Рејн биле најмени од Дејна Мартин да го киднапираат Бибер додека бил на концерт во Њујорк и да го задават со вратоврска. Дејна Мартин е осуден на 978 години затвор поради силување и убиство. Осудениот Мартин е опседнат со тинејџерската поп-ѕвезда и има тетоважа од него на ногата.
Полицијата информирала дека Мартин го запознал Марк во затворот Лас Кручес во Ново Мексико. Мартин побарал од него да убие четворица, меѓу кои и кананѓанската атракција Бибер. Тој му наредил на Марк да го убие и кастрира Бибер и неговиот телохранител.
Полицијата го открила заговорот преку преслушување на телефонските разговори меѓу Мартин и Марк. Во последниот разговор Марк разочарано му кажал дека нивниот план не успеал.
Марк бил уапсен во Вермонт, а неговиот внук во Њујорк.
Менаџерот на Џастин изјавил дека се превземаат сите мерки за негова заштита. Ужасните вести не го исплашија младиот артист и тој настапи по слушањето на планот за негово убиство.