Леонардо ди Каприо фрлил око на колешката Маргот Роби.
38-годишниот зводник младата 22-годишна актерка ја запознал на сетот на филмот “The Wolf of Wall Street” во кој двајцата играат. Почнал да ја освојува на работното место, а нивниот однос се продлабочил со романтична прошетка низ Њујорк.
“Тие ја поминаа ноќта во нејзиниот стан. Сите го забележаа кога во утринските часови се обидуваше да се измолкне од зградата”, изјавил еден очевидец за New Yorku Post. Како што велат нивните колеги, хемијата помеѓу овие двајца актери, е видлива за сите! Било само прашање на време кога тие љубовни искри ќе се запалат.