Актерката Хедер Локлир тешко се справила со прекинот на веридбата со актерот Џек Варгнер, поради што почнала да зема голема количина на таблети за смирување, кои ги консумирала со алкохол.
Денот кога завршила во болница поради предозирање, Хедер Локлир имала жестока расправија со поранешниот вереник Џек Вагбер, кој наминал до нејзината вила да и врати некои од работите кои останале во неговиот дом.
Двојката физички се прсметале пред куќата, на што сведоци се и соседите на познатата актерка.
“Тие се навредуваа меѓусебно, паднаа многу лоши зборови. Џек се обиде да дојде до својот автомобил, но дојде до туркање, удари…”, изјавил еден од сведоците.