Меѓународен тим на археолози останале збунети кога на покрај шкотскиот брег пронашле гробница со неколку мумии со кои се гледало дека нешто не било во ред.
Првата проценка на археолозите била дека нешто не е во ред и дека мумиите изгледале необично. Дополнителните тестови ги потврдиле нивните сомневања.
Лабароториските тестови кои ги спровел Тери Браун од Универзитетот од Манчестер потврдиле дека мумиите изгледале необично бидејќи биле составувани од делови од неколку тела.
Некои од мумиите на пример имале женски вилици, а тело на маж и слични комбинации.
Токму поради овие карактеристики мумиите ги нарекле Франкенштајнови, а сега се обидуваат да ја дознаат причината зошто тие биле составувани од разни делови од различни тела.
Некои веруваат дека се разботи за вонземјански експерименти со кои сакале да дознаат како функционира ДНК на луѓето и како може да се комбинира.