На трите точки од насловот недостасува ова – „но после треба и да го платиш“. Во оваа кратка реченица се крие една животна вистина, дека се што избираме, за што мечтаеме, кон што се стремиме има цена. Понекогаш како капризни деца се залетуваме кон убавата опаковка, плачеме, страдаме, сакаме нешто и кога најпосле ќе го отвориме пакетот гледаме дека тоа не е нашиот подарок. Најпосле си го добил тоа што сакаш со целата душа, а во еден момент ќе се најдеш сам како чаша заборавена на масата.
Сам го избираш човекот што сакаш да биде дел од твојот живот. Разумот непристрастно ти ги покажува сите доводи кои се против таа врска и сам знаеш дека е во право. Но не, упорно несакаш да слушаш и со сите сили се стремиш да се обврзеш со тој човек. Најпосле го добиваш и заедно со него и билет за Пеколот.
Си порачал трилер – гледај го. Доброволно и дури со музика си го платил, тогаш каков е проблемот? Може и ќе пробаш да ја вратиш стоката но никој нема да ти ги врати парите. Сепак ова не е продавница туку живот. Твоите рекламации немаат никаква вредност и ќе треба да навикнеш да живееш со таа мисла.
Добрата вест е дека кога навистина знаеш кон што се стремиш и што точно сакаш од животот, тој да ти одговори топло и со насмевка. Секогаш кога ќе посакаш ти можеш да ја платиш цената за некого или нешто што заслужува. И на крај да и кажеш на Судбината – „Задржи го кусурот…“