Многу интересни факти и многу различна традиција која заслужува да биде видена…
Монти, е област во Мали, каде што живее мала група на луѓе, која брои помалку од милион. Буквално, луѓето овде живеат за да ги задржат единствените архитектонски и културни наследства во кои уживале стотици години. Нивниот „аутсајдерски“ начин на живот и нивните живеалишта изгледаат чудно, дури и бизарно, но сепак според Дегонците, жителите на ова место, изолирани на нивното плато, овде општеството и архитектурата еволуирале на уникатен начин.
Лицата најстарите, античките Дегонци, можат да бидат видени на карпите. Симболично за Дегонците било дека тие живееле во огромен страв. Причината била оправдана: сите жени и деца во ова место биле убивани или третирани како робови.
Целосната приказна за покорноста на овој народ ја завршува преданието дека всушност за да останат достојни на својата религија и да не бидат Исламизирани. На ѕидовите од карпите денес сведочат интересни уметнички цртежи, кои ги симболизираат нивните ритуали. Интересно е дека живеалиштата на Дегонците имаат различни значења. Така, зашилените покриви ги претставуваат машките житници, односно местата каде што се складира житото, а уште позашилените покриви ги претставуваат женските житници, односно местата каде жените ги чуваат нивните предмети. Жените инаку се финансиски независни од нивните сопрузи.
Земјата има свој духовен лидер- Hogon . Изборот се одржува помеѓу најстарите мажи , а кога лидерот ќе биде избран, жителите имаат забрана да го допрат, тој не смее да се бричи и да се пере. Исто така, ритуал е негова домаќинка да биде девица, која допрва треба да влезе во пубертет, која му станува жена за време на неговиот мандат и со која единствено може да ги задоволува своите потреби.