Жената херој! Спасила 30 отфрлени деца!

popara1 август, 20121min00
kina zena

Старицата Лоу СИјаојинг која преживува собираќи ѓубре и отпад, одгледала повеќе десетина деца кои биле напуштени и отфрлени од своите родители.

Кинескињата која има 88 години собирала ѓубриња од депониии, а токму таму пронашла и ги одгледала 30 напуштени бебиња.

Лоу и нејзиниот покоен сопруг на поетокот чувале прво четри бебиња кои ги спасиле од депониите, а потоа ги давале на роднини и пријатели да ги одгледуваат како свои деца.

„Се започнало во 1972 година, кога жената го пронашла првото бебе во депонија. Девојчето лежело во ѓубрето и немаше да преживее ако не ја земев. Гледајќи како расте и се претвара во здрава девојка, сфатив дека сакам да имам што повеќе деца. Ако можам да собирам ѓубре можам да правам и нешто многу поважно, да спасувам животи. На напуштените деца им треба внимание и љубов. Неможам да разберам како некои луѓе ги оставаат децата на улица“, изјавила старицата.

Последното бебе го пронашла кога имала 82 години.

„Иако сум веќе уморна и стара, неможев да го игнорирам бебето и да го оставам во ѓубрето. Морав да го земам и да го однесам дома. Тој сега е здраво и среќно момче“, додала Лоу, која моментално се лекува во болница поради болест на бубрезите.

Девојчињата се непожелни

Откако во 1978 година во Кина се воведе правилото на едно дете, многу двојки сметаат дека е подобро да имаат машки потомок. Токму поради тоа девојчињата најчесто во руралните средини се отфрлаат. По селата девојчињата дури и се убиваат, а во градовите ги оставаат покрај контејнери.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag