Жената ја заборавил во Италија, а во Словенија рекол дека е киднапирана! :)

popara13 февруари, 20121min00
5t4

Еден романски државјанин на 32 годишна возраст, застанал во Италија за да праша во која насока треба да вози. Сопругата тогаш излегла од автомобилот за да најде тоалет, а мажот се вратил и тргнал без да провери кој има во автомобилот.  Во Словенија сфатил дека жена му ја нема.

Мажот во неделата вечер се јавил во словенската полиција и рекол дека неговата сопруга е киднапирана на бензинската пумпа во местото Фернетичи. Опишал дека застанал да наточи гориво, кога се вратил жената (21) исчезнала, а во автомобилот била само нивната 4 годишна ќерка.

Романскиот државјанин бил убеден дека сопругата му е киднапирана, но на полицијата во Словенија набргу им се јавиле италијанските колеги кои ја пронашле жената во Трст. Утврдено било дека кога мажот застанал да праша за точната насока, сопругата спиела на задното седиште, но во еден момент излегла, а мажот без да провери веднаш тргнал.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag