Жестока тепачка во украинскиот парламент, Кличко само посматра

popara13 декември, 20121min00

На вчерашната седница во парламентот во Украина изби жестока тепачка меѓу парламентарците.

Најинтересен дел е тоа што единствениот боксер по професија Виталиј Кличко кој е лидер на партијата „Удар“ во тој момент се наоѓал во парламентот, но не реагирал. Мртов ладен само го проследил хаосот кој што се случува.

Седницата требаше да биде тест за кохезија на политичките сили кои што го поддржуваат претседателот Виктор Јанукович во намерата да го именува Микола Азаров за премиер.

Неколку активистки на украинското движење „Фемен“ протестираа со газголени гради во Киев поради корумпираноста на пратениците во украинскиот Парламент, чија прва седница во новиот состав беше обележана од голем скандал.

Четири млади жени од организацијата ја прескокнаа оградата на Врховната рада по што се разголеа и протестираа на студот по бикини и црни чорапи на главниот влез од Парламентот. Тие веднаш беа спречени и однесени од обезбедувањето.

Активистките, кои често се служат со овие форми на протест, изјавија дека протестираат поради корумпираноста на пратениците.

http://www.youtube.com/watch?v=W_unosTyn1I&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag