Живееле во куќа со 65 мачки и 30 тона ѓубре

popara8 јуни, 20121min00
gubre2

Кристофер и Елизабет Блор, брачен пар од Лондон, се избркани од домот бидејќи здравствените инспектори пронашле повеќе од 30 тона ѓубре и неколку мртви мачки.

Овој пар живеел во куќа која им ја доделил советот на граѓани во општината Брент во Лондон.Комшиите се жалеле на смрдеата и на нечистотијата која излегувала од куќата, како и на големиот број мачки, но дури кога стигнале на лице место општинските работниции биле запрепастени од количината на ѓубре.

Локалните власти треба да се ослободат од 30 тона ѓубре и да издвојат околу 18.000 фунти за да ја исчистат и средат куќата.

-Кога почнавме да го тргаме сетоа тоа ѓубре пронајдовме 3 мртви мачки, а верувам дека ќе пронајдеме уште- вели еден од работниците.

Мачките кои живееле со Кристофер и Елизабет биле во толку лоша состојба и сите се пратени на лечење.

На брачниот пар му е наредено да не се враќа во куќата до 23 август кога ќе биде завршено чистењето на нивната куќа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag