Животот е игра – биди играч, а не играчка!

popara13 февруари, 20121min00
l1

Проживеав и надживеав многу нешта…Се променив поради многу луѓе и ситуации…Доволно! Од денес започнувам да живеам само за себе!  Биди природен! Биди себе си! Животот ни е само еден и не смееме да дозволиме некој да ни го обезвредни. Горе главата и не играј по правила…Барај за да добиеш, гради за да имаш и греши за да учиш!  За да воведеш ред во својот живот, најпрво треба да го исфрлиш ѓубрето од него!

Да мислиш дека животот ќе се однесува добро со тебе, само затоа што си добар човек, е исто како да веруваш дека бикот нема да те нападне само затоа што си вегетеријанец. Затоа…биди спремен да се сретнеш со бикот и продолжи да бидеш добар човек! Се во животот е многу едноставно и се сведува на ова – сакаш ли нешто, се бориш, немаш ли доволно храброст, губиш. И притоа да знаеш дека интригата е силата на слабите! Не дозволувај никогаш некој да биде приоритет во твојот живот, кога ти си само опција во неговиот.

Вистината пријатели, е сосема различна…Се криеме зошто сакаме да бидеме најдени…Одиме далеку за да видиме кој ќе ни се придружи…Плачеме за да видиме кој ќе ни ги избрише солзите…и дозволуваме срцата да ни бидат парчосани, за да видиме кој ќе дојде да ги залепи…

Плачев дека немам модерни чевли, додека не видов човек без нозе. Се жалев дека немам доволно пари, додека не видов семејство што спие на улица. Ние сме луѓе кои не ценат ништо, дури и да имаш малку, има луѓе кои мечтаат да го имаат тоа малкуто што ти не го цениш…

Многу луѓе ми го посочуваат правиот пат, но никогаш не ги гледам по него!

Една нова нова животна филозофија создадена само од две реплики:

Тој:  „Оди во Пеколот кучко!!!“

Таа: „Јас од таму доаѓам копиле!!!“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag