Зошто повторно си го вперил погледот кон своето минато? Зошто повторно се навраќаш на оние работи кои веќе се минато и над кои веќе немаш власт? Живеј тука и сега! Насочи го своето внимание кон иднината, зошто денес ти ја избираш својата иднина, што еден ден ќе биде и твоето минато. Биди тука!
Погледни на своето минато како на пожолтен весник, зошто весникот со стари информации нема ништо да ти даде и зошто твојот живот е само и единствено во сегашноста. Не мисли толку многу и за иднината, зошто таа е неопределена – има толку многу патеки по кои можеш да се насочиш и се може да се случи.
Но потагувај малку пријателу! Изживеј ја емоцијата, но за кратко. Тоа ќе ти помогне да расчистиш со тагата од минатото и ќе открие пред тебе нов хоризонт од стремежи. Поплачи но после насмевни се! Дочекај ја со насмевка иднината. Можеби нема да е толку лесно, но вреди да се проба. Животот е поубав кога си среќен.
Запомни дека секоја случка во нашиот живот – било тоа добра или лоша, според нашиот ограничен поглед врз ситуацијата – е единствено и само со цел да ни даде животна лекција, не да не повреди ниту да не ожалости…а да не направи посилни и помудри…факт!
Ти си дојден тука за да го спознаеш својот потенцијал и да ги прошириш своите погледи. Црпи со полни раце од тој извор наречен живот и ќе ја постигнеш целта!