Животот на Земјата ќе потрае уште 2,8 милијарди години

popara5 ноември, 20121min00
planeta_zemlja

Научниците прогнозираат дека животот на Земјата ќе потрае уште 2,8 милијарди години, но не се согласуваат целосно во оценката дали ќе опстанат некои форми на живот и каде би можело тоа да се случи.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека паралелно со стареењето на Сонцето, покомплексните облици на живот ќе исчезнат.

Океаните ќе испарат, тектонските плочи ќе престанат да се движат. Во највлажните предели ќе се создадат резервоари на топла солена вода, во кои уште милијарди години ќе живеат микроби, а потоа и тие ќе исчезнат.

Експертите сакаат да дознаат какви хемиски траги од своето постоење можат да остават микробите на крајот од својот живот на Земјата, со цел исти такви траги да се бараат на другите планети.

Научниците им даваат можност и на некои претходни апокалипси, како на пример во вид на удар на големи метеори.

– Освен познатиот „Апофис“, закана претставуваат уште два големи асторида, чија орбита најверојатно ќе мора да се измени за да се спречи судар. Затоа е потребен ракетен носач со носивост од околу 70 тони, кој ќе постави на траекторијата на астероидот вселенски апарат способен да го смени правецот на неговото движење, изјави претседателот на Ракетно-вселенската корпорација „Енергија“ Виталиј Лопота.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag