Знаци кои може да ви откријат дека ве изневерува

popara9 јануари, 20121min00
izneveruva

Обидувајќи се да скриеме некоја лага понекогаш несвесно правиме работи кои не издаваат. Обрнете внимание на овие четири знаци кај вашите партнери кои може да ги издадат дека ве изневеруваат:

„Кнедла во грло“: Кога е загрижен дека неговата тајна може да биде откриена неговите мускули во грлото се собираат и предизвикуваат сушење на грлото, покажаа истражувањата. Затоа, доколку тој кашла и постојано подголтнува додека разговара со вас, големи се шансите дека лаже и крие нешто.

Секс како спас: Последните неколку дена тој е расположен за секс повеќе од вообичаено додека разговарате. Тоа можеби е начин да го оттргне вашето внимание од темата и да направи да заборавите на вашите сомневања.

Детали: Доколку во детали ви опишува каде бил и што правел сигурно ќе помислите дека тоа е вистина заради опширното опишување. Меѓутоа, тој поднесува детален извештај затоа што очекува да му поверувате. Дали тој постојано ви раскажува се во детали или пак деталните описи се нешто ново? Доколку забележите дека прави паузи додека разговара обидувајќи се да се сети на уште некој детал, големи се шансите се што ви кажал да е лага.

Раце во џебови: Кога луѓето се нервозни не знаат што да прават со рацете. Затоа, ако забележите дека си игра со рацете или одеднаш ги става во џеб, запрашајте се кои се причините за неговата нервоза.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag