Зошто би ви било подобро без него?

popara19 јануари, 20121min00
000

Свесни сте дека тој не е единствениот, но сепак повторно му се враќате. Авторот на книгата „Ти не си мозок“ Ребека Гладинг има решение за вашиот проблем. Доколку ги следите нејзините совети, не само што нема да се оптоварувате со бившиот дечко, да тагувате поради разделбата, туку во рекордно време ќе најдете нов дечко кој ќе биде најмалку десет пати подобар од претходниот.

Правилото 30 минути

Кога ќе ви биде досадно или кога ќе ве преплават чувства на осаменост, голема е веројатноста да почнете да размисувате за бившиот, бидејќи он бил тој кој во вакви ситуации ви го пополнувал времето. Е сега настапува правилото „30 минути“ – време што треба да го пополните со било што освен да ја подигнете слушалката и да го побарате дотичниот. Одете на трчање, возете ролери, читајте книга, сурфајте, било што, само да ја надминете моменталната потреба од него. После половина час ваквото чуство слабее бидејќи станува збор за пролазна слабост која мора да ја надминете.

Чекор напред, назад два

Кај повеќето жени има нешто што ќе ги наведе да почнат да размисуваат за бившиот. Неопходни се неколку минити мислите да се вратат на правиот пат и да станеме свесни за оние работи кои не асоцираат на бившиот. Привремено блокирајте го неговото пријателство на социалните мрежи, не слушајте ги оние песни кои заедно сте ги сакале, не одете на оние места кои заедно сте ги посетувале. Сето тоа може да предизвика лавина од лоши емоции кои мораме да ги оставиме во минатото.

Напревете список од оние причини поради кои на вас ви е подобро без него. Во што сега уживате, а претходно додека сте биле во врска не сте можеле. Убаво и поучно е понегокаш да погледнете на врската за тоа каква таа реално била, ама без розови очила. Сигурно не била идеална, штом веќе не сте заедно. И запомнете дека секогаш после дожд изгрева сонце!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag