Зошто е неопходно да бидеме егоисти?!

4 декември, 20120
woman_1491930c

Кога ќе почнете да се поставувате себе си на прво место, треба да научите да сте толерантна кон гневот и разочарувањето на другите. Тоа е неизбежна реакција од страната на оние чии потреби до сега сте ги поставувале пред вашите. Не спорете, не се извинувајте и не се правдајте. Промените кои ги правите во животот налагаат и на околните да се сменат и сосема природно е тие да се спротивстават.

Да се биде егоист значи да признаете дека вашата сопствена вредност е голема, дека вашиот талент заслужува да биде виден и оценет, дека вашето задоволство е исто толку важно колку и тоа на другите, дека вашето Јас е најголемиот подарок што можете да го дадете на светот и највеќе на луѓето околу вас.

Сега веќе можете да кажете да или не кога ќе посакате. Кога ќе ја направите ваквата драматична промена на улоги – од човек кој се грижи за другите во човек кој се грижи за себе, возможно е да настапи промена и во врската.

Од друга страна, колку и да е необично, откако ќе почнете повеќе да се грижите за себе, вие можете да привлечете некого кој умее и знае како да се грижи за вас. Колку посилни и уравнотежени стануваме, толку посилни и стабилни личности привлекуваме. Колку помалку туѓи интереси задоволуваме, толку повеќе нашите потреби се задоволени.

Ова подразбира исто така да очекувате и да барате удобни за вас односи и ситуации. Да не се обидувате да се прилагодите кон неудобни за вас околности.

Внимателно треба да го слушате вашиот внатрешен глас кој ви покажува што е правилно и добро за вас, и да го следите. Тоа е начинот да развиете здрав интерес кон себе си, слушајќи ги сопсвените внатрешни пориви. До овој момент вие најверојатно сте биле окупирани на тема да ги ислушувате репликите на другите за тоа како тие би сакале вие да се однесувате. Исклучете ги тие гласови зошто тие секогаш ве одалечуваат од вас самата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit