Зошто самоуверените и силни жени остануваат сами?

6 јануари, 20121
1

Поголемиот дел од моите пријателки се супер атрактивни, уверени и финансиски независни и тешко си наоѓаат дечко. Секогаш сум се запрашувала зошто мажите не сакаат да излегуваат со таков тип жени и после долги години мислам дека најпосле разбрав.

Најчестите поплаки од моите пријатели е дека никогаш не излегувале со девојка со пари, или дека никогаш немале луд, нестандарден секс со својата партнерка. Кога ги прашав зошто се тогаш заедно, повеќето од нив ми одговорија дека таа е мила и добра девојка. Мажите се возбудуваат од силни и секси жени, но на крај предпочитаат да се приберат навечер кај својата добричка партнерка, која обично не работи или има скромна кариера. Жена која ќе ги слуша и боготвори, наместо да сака да се развива.

Ми одзема доста време, но на крај стигнав до заклучокот дека мажите по природа често се несигурни, независно дали поради големината на пенисот, финансиската моќ, физичките способности или височината. Многу мажи се несигурни, што од своја страна ги тера да изневеруваат. Тие постојано треба да се уверуваат дека се уште ги бива и се посакувани од други жени. Избираат да бидат со „добрата девојка“ зошто знаат дека таа нема да ги изневери. Но во истото време, истата таа жена што ја избрале не ги задоволува нивните потреби во кревет.

Поради својот несигурен карактер, овие мажи никогаш нема да бидат со луди, секси и атрактивни девојки. Зошто? Таквите девојки  имаат голема самодоверба и знаат што сакаат, не би биле послушни кравички, кои чекаат саканиот да се врати од службен пат.

Дилемата

Во училиште сме или сме возрасни? Ако двајца возрасни излезат и навистина си се допаднат, што има лошо во тоа, ако имаат секс првата вечер или петтата? Нема! Но многу несигурни мажи си мислат, „Ако таа спие со мене уште првата вечер, значи така прави и со другите, што значи спиела со многумина.“ Овие девојки најчесто се категоризирани како непожелни за врска.

Одговорот

Треба ли да успорите, да се облекувате конзервативно, и да ја играте улогата на „добрата девојка“, да почекате неколку состаноци пред да имате секс? Да, дами, точно така треба да направите ако сакате да имате врска со еден од тие „несигурни“ мажи, кои најверојатно во скоро време ќе ве изневерат.

Со сите маски кои најчесто ги користат мажите, тешко е да се каже дали некогаш ќе ги видиме нештата појасно. Колку побрзо ја откриете неговата суштина, помалку веројатно е да се разочарате, да бидете повредена или да го губите времето со човек кој не е за вас. Бидете наштрек со мажите околу вас, обидете се секогаш да ви е јасно која сте, каде сте и што сакате!

One comment

  • Јас

    6 август, 2012 at 09:09

    Никој не сака да биде со самобендисани, уфилмани девојки кои мислат дека постигнале нешто во животот. Никој не сака да има таков партнер во животот. Познавам такви, но познавам и многу успешни и атрактивни девојки кои не се „цепаат“ и се сигурни во својот успех и кариера и верувај нема таков дечко кој не би сакал да биде со нив. Затоа не избрзувај премногу со заклучоците. САМОбендисан, најчесто значи САМ.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi