Зошто се толку многу полезни бадемите?!

popara11 февруари, 20121min00
q

Ползата за здравјето од бадемите е навистина многу голема. Бадемите се добар стимулатор на мозокот и идеални за да ги користите како ужина. Тие се преполни со полезни супстанции кои помагаат на мозокот да функционира добро.

Од физичка гледна точка бадемите се полезни и за кожата. Особено кога ќе се додаде бадемово масло кон терапијата за кожа, таа станува еластична и свежа со равномерен безпрекорен тен со редовна употреба на ова масло.

Бадемите се исто така полезни и за срцето бидејќи содржат калиум, фолна киселина, протеини и витамин А. Ако консумирате редовно бадеми, ги намалувате драстично шансите да имате проблеми со срцето и крвоносниот систем.

Заборавете на енергетските пијалоци и кафето. Ако сакате енергија јадете бадеми. Ќе имате многу повеќе енергија и нема да се труете со шеќер и кофеин.

Освен тоа бадемите го регулираат и крвниот притисок како и холестеролот поради високата концентрација на калиум и ниската концентрација на натриум. Па затоа јадете редовно бадеми и насладувајте се на многуте ползи од нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag