Зошто тој не сака сериозна врска?!

popara5 јануари, 20121min00
3

Ако си забележала дека твојот човек ја избегнува темата за продлабочување на врската, а ти пак многу сакаш да знаеш дека е само твој, треба да пристапиш кон проблемот многу внимателно. Причините поради кои тој не сака да се ангажира сериозно можат да бидат неколку – ако ги знаете, ќе знаете и како да ги преодолеете.

Смета дека ќе ја изгуби својата независност. Многу незрели мажи сметаат дека со почетокот на врската автоматски го губат правото на сопствено мислење, време и социален круг. Твоја задача е да му докажеш дека и ти си имаш свои обврски и пријатели, така да не е загрозен од реална опасност.

Несака повторно да биде повреден. Сите сме биле повредувани во предходни врски и знаеме какво е чувството. Најдобро е да му покажеш дека го сакаш и намерите ти се добри.

Смета дека не е во состојба да те направи среќна. Ако има проблеми со самодовербата, тој можеби смета дека не е достоен за твоето внимание и љубов.

Сака да биде слободен, во случај да излезе нешто подобро. Ако осетиш и искра за слично нешто, бегај брзо. Една жена со доволно самопочит не дозволува од никого вакво однесување. Остави го господинот да ја чека љубовта на својот живот сам.

Не си дел од неговиот план. Можеби е во период од животот во кој не сака сериозна врска. Може да има премногу обврски или едноставно му се живее. Ако е така не губи време и исчезни мистериозно од неговиот живот – веројатноста наскоро да те открие повторно и овој пат со сериозна намера е повеќе од голема.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag