
Лорна Викрејџ (14) побегнала од дома со 35 годишниот продавач на автомобили и пријател на семејството.
Девојчето последен пат е видено во училиште пред една седмица и од тогаш нема никакви информации за неа, а семејството очајно ја бара.
Кога се дознало дека девојката побегнала со нивниот семеен пријател, родителите преку медиумите апелирале и го молеле да им ја врати ќерката.
После 5 дена полицијата успеала да ги лоцира, бидејќи мажот ја употребил својата кредитна картичка во хотел каде се пријавиле како татко и ќерка.
Нејзините родители се пресреќни што ќерката им се вратила дома, а мажот бидејќи се работи за малолетна особа ќе биде кривично гонет.
