20 знаци дека си остарел

popara16 јануари, 20131min00
star

1. Во 6 часот утрото веќе си станал.

2. Твоите пријатели се “женат и разведуваат”, наместо да се “фатат и раскинат”.

3. Кон тебе потполно сериозно се обраќаат веќе со “Вие”.

4. Излегуваш од дома со чадор, кој никаде не го забораваш.

5. 90% од времето што го поминуваш пред компјутер, работиш.

6. Музичките канали веќе не ти се омилени.

7. Нови фармерки и маица – веќе не значат “да се биде добро облечен”.

8. Вечера и кино – тоа е целото поминување на вечерта, а не само почеток.

9. Веќе не знаеш во колку часот затвора омилениот ноќен клуб.

10. Јадеш во “Мекдоналдс” само на паузата за ручек.

11. Да имаш секс надвор од спалната ти изгледа смешно.

12. Во аптека купувате аспирин и лекарства за варење на храната наместо кондоми и тестови за бременост.

13. Во фрижидерот има повеќе храна отколку пиво.

14. Постарите роднини веќе не се срамат да зборуваат непристојни шеги во твое присуство.

15. Ѕвониш во полицијата ако твоите млади соседи после полноќ ја слушаат “онаа ужасна
музика”.

16. Размислуваш околу тоа што ќе правиш после 2 месеци.

17. Цвеќињата во твојот стан не венеат.

18. Чистењето дома станува нешто не помалку важно од миењето на автомобилот.

19. Придонесите за осигурување на автомобилот ти се намалуваат, бидејќи со времето новиот автомобил е помалку важен.

20. Продолжуваш да ја препрочитуваш оваа листа, внимателно барајќи нешто што не се однесува на тебе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag