3Д – принтани очила со вашите димензии

popara10 август, 20131min00

“Protos” е компанијата кога сака да донесе нов начин на купување очила. Имено, креаторите на компанијата и на концептот ќе користат 3Д принтер, заедно со специјален софтвер и комплициран алгоритам, преку кои ќе можат купувачите да си направат личен дизајн, со димензии кои се перфектни за нив. За споредба, компаниите за обичните очила, мораат да креираат очила во масовни броеви за тоа да биде исплатливо.

Џон Маурелио, основач и главен дизајнер на “Protos Eyewear” вели дека малите разлики на лицата на луѓето допринесуваат до неудобности кај обичните очила. Но, со нивниот принтер, ќе можете да си направите очила кои се единствени само преку 2 фотографии кои треба да ги испратите до фирмата преку е-маил. Со повеќе финансии, компанијата се надева дека наскоро ќе можат корисниците да ги испратат своите фотографии на нивната веб страна, каде алгоритамот веднаш ќе ги искалкулира точните димензии.

Компанијата сеуште очекува повеќе финансии, кои ги собира од секој што сака да донира на нивната веб страна(притиснете тука), а донаторите можат да добијат специјални награди доколку донираат одредена сума.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag