Поминаа точно четири години од шокантниот момент кога се рашири веста дека Крис Браун ја претепал Ријана и ја оставил да лежи претепана во крв.
Тоа се случило по забавата за Греми наградите, а судејќи според фотографиите кои денес го обиколија светот од синоќешното доделување на овие награди во Лос Анџелес, пејачката од Барбадос му простила на насилното момче.
Ријана синоќа настапувала на Греми доделувањето во чест на Боб Марли, а во текот на вечерта неколку пати се пресоблекувала. Не може да не се забележи дека пејачката во моментов е во многу женствена фаза. Минатата ноќ блеснала во долг црвен фустан во кој со задоволсво позирала и се мазела со Крис Браун.
Но, уште нешто го привлекло вниманието на фановите и предизвика шпекулации на социјалните мрежи.
Токму тие го забележале големиот прстен на нејзината рака, кој предизвика шпекулации за тоа дека Ријана и Крис се верени.
Но, познавајќи ја 24-годишната бунтовничка, прстенот веројатно е намерно ставен токму на тој прст за да предизвика рекција на медиумите и фановите.