Во Јапонија оваа година вкупно се регистрирани 54 397 жители кои имаат повеќе од 100 години и така се продолжува традицијата на прираст на бројот на жители над стотка во оваа земја.
Бројот на оние над стотка стабилно расте веќе 43 години во Земјата на Сонцето која има 127,5 милиони жители.
Се смета дека најстарата во државата е Осаке Мисао Окава која има 115 години. Таа е родена 1898 година, а во август влезе во Гинисовата книга на рекордите како најстар жител на планетава.