6 трикови за забрзување на метаболизмот

popara29 јануари, 20131min00
metabolizam

Злопамтилото кои не го простува ни најтенкото парче торта е бавниот метаболизам, еден од начестите виновници за вишокот килограми кои постојано се прикажуваат на вагата. Но, постојат решенија за тоа да се спречи и да се зголеми брзината, а телото да запре со складирање и акумулирање масти.

Метаболизам значи збир на хемиски процеси што се случуваат во нашето тело за да се одржи во живот. Поради нив организмот расте, се репродуцира, и е во состојба да ја задржи својата структура.

Едно лице со бавен метаболизам потешко ги користи калориите внесени во организмот кои се складиште во облик на масни преничиња. Добрата вест е дека брзината на метаболизмот може да се предизвика.

1. Вежбање

Зголемете ја вашата физичка активност, преку зголемување на бројот на вежбање неделно, времетраењето на тренингот или рутината на вежбање.

2. 20 грама јаглени хидрати пред вежбање

Јадете нешто што има од 11 до 20грама јаглехидрати пред вежбање наутро за да му кажете на телото дека сте будни и да му обезбедите супстанции за вежбање. Ако тоа не го направите телото ќе продолжи со ослободување на гликоген од црниот дроб.

3. Мини-оброци

Консумирајте повеќе мали оброци во текот на денот наместо два големи. Придржувајте се на овој режим на исхрана: јадење – меѓуоброк – јадење – меѓуоброк –јадење, кој ќе го задржи вашиот дигестивен систем  на повисоко ниво.

4. Кофеин

Размислете, со одобрение од лекар, за пиење пијалаци кои содржат кофеин наутро и попладне за малку да го забрзате метаболизмот. Кофеинот е добро познат и делува како стимуланс.

5. Дополнителни дози на витамини

Земете дневна доза мултивитамини за да бидете сигурни дека добивате доволно витамини и минерали кои овозможуваат храната да се вари правилно.

6. Вода

Зголемете го внесот на течности на минимално два литра вода на ден, бидејќи веќе е познато дека водата го подобрува отстранувањето на отровите од телото и е идеална за борба против ‘лажните’ сигнали за глад.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag