Американската соул и R’n’B ѕвезда Алиша Кис се приклучи на тимот на канадскиот технолошки гигант BlackBerry (познат порано како Research in Motion) во својство на креативен директор на компанијата.
Ова е уште еден чекор на еден од пионерите во смартфон сегментот, кој го создал култниот бренд на телефони BlackBerry, во обидот да ја врати изгубената позиција на високо технолошки пазарот.
Новата должност на Кис ја вбројува во долгиот список со познати личности од светот на шоу бизнисот кои работат како креативни директори за различни компании, во обид да го освежи и промовира нивниот имиџ за извесна сума.
Меѓу нив се имиња како познатиот will.i.am од Black Eyed Peas, назначен за директор за креативни иновации за Intel (INTC), екстравагантната Лејди Гага која пристапила кон тимот на Polaroid во најдобрите времиња на компанијата во 2010 година, исто така, на позицијата креативен директор.
Најверојатно освен во развој на нови модели на паметни телефони Алиша Кис ќе биде ангажирана во претстојните рекламните кампањи на BlackBerry.
Како лице на компанијата може да се очекува пејачката да се вклучи и во лансирање на актуелни производи на фирмата како неодамна објавената нова верзија 10 на оперативниот систем BlackBerry OS и првите два уреди од следната генерација, кои ќе ја користат – паметен телефон BlackBerry Z10 и BlackBerry Q10.