Руската тенисерка Ана Курникова наводно ставила крај на 12 годишната врска со популарниот пејач Енрике Иглесијас, а како што известува “Њујорк Пост“, на младата русинка и дошло преку глава кога нејзиниот вереник и соопштил дека сеуште не е спремен за брак.
Според американските медиуми Курникова почнала да губи трпение чекајки да застане пред олтар со саканиот и повеќе не можела да чека тој да созрее и да и понуди брак. Таа смета дека се предлго заедно и дека предчувствува дека ништо нема да се смени.
Курникова верувала дека со време се ќе си дојде на свое. Но за жал, работите се искомплицирале, па тенисерката почнала да сваќа дека нивната врска не води кон никаде и наводно ја раскинала романсата.