Пејачката ќе биде повикана на информативен разговор за да се утврди дали Дејан Милачиќ (35) е убиен поради нејзиниот бивш дечко Родољуб Радуловиќ.
Изворите велат дека таа ќе биде меѓу првите сведоци бидејќи обвинителот не ја исклучува можноста за тоа дека убиството е нарачано како опомена за нејзиниот бивш дечко , високорангиран припадник на кланот на Дарко Шариќ, односно Родољуб Радуловиќ „да пази што зборува“. Радуловиќ кој во моментов е во бегство наводно бил врската помеѓу нарко босовите и многу политичари кои биле финансирани од страна на Шариќ.
Радуловиќ сеуште е многу приврзан за Ана и сеуште се грижи за нејзината безбедност иако нивната бурна врска е завршена.

