По стапките на Бекам! И Ријана ќе биде моден дизајнер!
18 февруари, 20130
Според модните критичари Ријана покажала дека освен ангелскиот глас има дарба и за мода, судејќи според нејзината колекција претставена викендов на Модната недела во Лондон.
Пејачката изјавила дека она што нејзе лично најмногу и се допаѓа, е тоа што нејзината колекција била безвременска. „Убаво е што парчињата кои ги носите сега, можете да ги носите и после 10 години, а да не се забележува на кој временски период припаѓаат“, вели Ријана. Дали на вас ви се допаѓа некоја од нејзините креации?