
Лајани Сантос од Бразил ја тужела болницата, обвинувајќи дека и го украле бебето при раѓање. После извршената интервенција, раѓање со царски рез, лекарите и рекле дека таа никогаш не ни била трудна, туку дека се работело за феноменот наречен лажна бременост, што има чисто психолошка позадина.
Ова е позната појава во медицината, иако доста ретка, што настанува како последица од преголемата желба за бебе. Жените кои страдаат од така наречената лажна бременост ги чувствуваат сите симптоми на бременоста, вклучувајќи гадење, покачување на телесната маса и растење на стомакот.
Медицината се уште нема одговор и објаснување зошто состојбата на лажна бременост ги има апсолутно истите симптоми како и вистинската бременост, што го отежнува убедувањето на жената која страда од оваа болест, дека всушност не е бремена.