Анастасија по втор пат има рак на дојка
28 февруари, 20130
Популарната пејачка е принудена да ја откаже европската турнеја поради влошената здравствена состојба, односно дијагнозата рак на дојка, болест што еднаш веќе таа успеа ја победи.
– Се чувствувам очајно што ќе морам да ги изневерам моите верни фанови кои се радуваа на турнејата. Срцето ме боли што морам да ги разочарам – напишала Анастасија на својот фејзбук профил.
Болеста за прв пат и беше дијагностицирана во 2003 година, но после серија успешни операции и третмани со радиотерапија успеа да се излечи.
Турнејата требаше да почне 6 април во Лондон, но за жал се е откажано.