Холивудската актерка Анџелина Џоли ќе се кандидира за претседател на САД на изборите во 2016 година, соопштија американските медиуми.
Новата вест не беше прифатена позитивно од страна на поголемиот дел од политичката елита во државата, при што некои отворено прокоментираа против оваа идеја.
Некои политичари меѓу кои и бившиот државен секретар Хилари Клинтон, не ја прифатија поканата за средба, иницирана од актерката. Клинтон освен тоа упати неколку остри критики на адреса на Џоли.
Џоли е позната по својата општествена дејност. Таа е пратеник на ООН, а исто и организатор на многу хуманитарни акции во различни области и дестинации ширум светот. Таа се среќава активно со политичката елита и учествува во различни форуми на високо ниво.