
Јелена Ристиќ, девојката на најдобриот светски тенисер Новак Џоковиќ, англичаните ја дигнаа во ѕвезденото небо со рој пофалби.
“Мојата работа во врската, ако можам така да се изразам, е да го смирам и опуштам пред надпревар. Ние сме партнери и постојана подршка еден за друг!“, одмерено изјавила Јелена.
А за тоа колку Јелена им се допаѓа на студените и крути англичани зборува текстот во Делји Мејл каде таа е опишана како “прекрасна млада жена со неверојатна убавина“.
Гала вечерта одржана во Лондон, а организирана од фондацијата “Новак Џоковиќ“ каде е и Јелена ангажирана, била мошне посетена. За Јелена се зборувало дека е “ѕвезда во сенка“ и која го привлекувала погледот на сите присутни на настанот. Од познатите тука се нашле Сара Фергусон, принцезата Беатрис, Борис Бекер, Наоми Кембал, Џерард Батлер, Руни Вуд, Голди Хоун и Кејт Хадсон…

