Компанијата Apple планира на пазарот да понуди помала и поефтина верзија на iPhone во текот на оваа година, кој би чинел од 99 до 149 долари.
Како што пренесува порталот “Блумберг“, Apple работи на овие паметни телефони од февруари 2011 година, а треба да се појават во продажба на крајот на годинава.
Попристапните телефони би му помогнале на Apple да биде во чекор со другите произведувачи на паметни телефони, како што е Samsung кој користи Google Andorid оперативен систем.
Директорот на компанијата, Тим Кук, рекол дека пазарот во Кина е приоритет, оти компанијата генерирала 5,7 милијарди долари од продажба во таа земја во периодот јули-септември 2012 година, а само за првиот викенд откако iPhone 5 се појави на пазарот биле продадени повеќе од два милиони уреди.
Поевтинитата верзија на iPhone ќе претставува стратешки потег за “Епл“, кој до сега се обиде да дојде до штедливите купувачи со намалување на цените на старите модели.
“Епл“ има продадено повеќе од 270 милиони iPhone ширум светот, а само лани од продажбата на овој уред заработила 80,5 милијарди долари.