Ариел Кастро плаче додека се руши неговата “куќа на стравот”

popara7 август, 20131min00

arielcastrokucacleveland_youtube

Куќата во која три девојки беа затворени и силувани повеќе од 10 години, денес е срушена. Ова рушење е дел од договорот со киднаперот Ариел Кастро кој го поштеди од смртната казна. На рушењето беше присутна една од девојките, Мишел Најт, која по кратка изјава во воздухот пушти неколку балони. Јавниот обвинител Тим Мекгинти изјави дека Кастро плачел кога го потпишал договорот за рушење на куќата и рекол дека тој поминал “многу среќни моменти” со девојките. Да ве потсетиме дека Ариел Кастро беше осуден на доживотна казна и дополнителни 1,000 години затвор затоа што во својот подрум тој заробил 3 девојки и ги чувал повеќе од 10 години.  Кастро ги киднапирал девојките во периодото меѓу 2002 и 2004 година. Киднапираните девојки се Аманда Бери, Џина ДеХезус и Мишел Најт.

http://youtu.be/tMEHiCrsUuU

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma