Аспиринот – смртно опасен?

popara30 септември, 201317min00
14

Аспиринот е широко употребуван како универзално средство за повеќе болести и многу лекари го препорачуваат како превентивно средство против инфаркт и инсулт. Ова лекарство е барано во целиот свет, но лекарите одамна се сомневаат односно неговата апсолутна безопасност.

Неодамна група експерти од Универзитетот во Северна Каролина стигнаа до заклучокот дека приемот на аспирин како превентивно средство против инфаркт или инсулт има сериозни нус ефекти.

Поточно, злоупотребата со препаратот предизвикува тежок пептичен чир придружен со внатрешен крвоизлив, дури може да предизвика крварење во мозокот.

Научниците чии истражувања се спроведени под покровителство на Националниот здравствен институт, утврдиле уште, дека дијабетот и високиот крвен притисок го зголемуваат ризикот од нус ефектите на аспиринот.

Лекот има позитивен ефект кај оние пациенти кои веќе претрпеле срцев удар или страдаат од коронарна болест. Со други зборови, аспирин може да се препортача како превенција од повторување на срцев удар.

Американците се нација која најмногу употребува аспирин. Во САД годишно се произведуваат 12 илјади тона аспирин или 50 милиарди единични дози. За 2009 година во Америка се продадени 44 милиони пакетчиња Аспирин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag