Банда Дедо Мразовци ограбиле златара во Албанија

27 декември, 20130
4

Четворица вооружени лица маскирани како Дедо Мразовци во предградието на Тирана за време на Бадник ограбиле златара, од каде украле накит во вредност од 410 000 долари, објавија локалните медиуми.

На снимките од безбедносните камери се гледа како крадците после влегување во златарата вперуваат пиштоли во вработените. Само две минути подоцна се гледа како бегаат со пленот, а пред влез ги чекал соработник со автомобил.

Подоцна автомобилот бил пронајден запален. Албанската полиција работи на расветлување на случајот, каде за среќа немало повредени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi