
Бездомникот кој не знае да чита ноти и кој нема никакво музичко образование ги изненадил вработените и муштериите во една продавница за половни инструменти во Ванкувер со виртуозното свирење на клавир.
Вработените велат дека 50 годишниот Дејвид Ален доаѓал еднаш или два пати месечно и секој пат ги импресионирал муштериите со своите импровизации на клавир, а некои до солзи биле трогнати. Дејвид вели дека нема контрола над она што го прави и дека музиката го обзема. Никогаш не посетувал часови по клавир и не знае да чита ноти, но пак знае да свири!
“Не знам да свирам професионално, но ми се допаѓа она што го слушам во својата глава“, изјавил.
httpv://www.youtube.com/watch?v=-g7pFjbV_fU