БиХ: Нудат крава за автомобил!

popara9 јули, 20131min00
7

Во Босна и Херцеговина владее невидена криза, кога станува збор за продажба на половни возила. Па така преку огласи сопствениците на автомобили во повеќето случаи наместо пари нудат замена за некоја друга роба.

Сопственикот на еден Фиат од Бањалука кој веќе 4 месеци се обидува да го продаде, вели дека за тој период имал бројни необични понуди.

“Ме повика неодамна еден човек и ми понуди крава и уште 770 евра. Прво мислев дека е некаква шега, но покасно сватив дека се работи за човек со сериозни намери. Кеш пари кои на мене ми се потребни, никој не нуди“, раскажува сопственикот.

Вработените од порталот мобиле.ба потврдиле дека потенцијалните муштерии во повеќето случаи нудат компензација со најразлични стоки и домашни животни и минимална парична доплата. Од порталот додаваат дека најбараните автомобили се оние кои чинат од 3-5 илјади евра.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma