Има ли спас за кодошот Амерички? Изгледа има…

9 јули, 20130
5

Каракас – Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро го повика Едвард Сноуден да одлучи дали сака да дојде во Каракас, откако американскиот бегалец побара азил за да го избегне судот во САД.

Минатиот викенд левичарските лидери на Венецуела, Никарагва и Боливија понудија азил за Сноуден кој веќе две недели се наоѓа како што се верува во транзитниот дел на московскиот аеродром каде чека некој да му обезбеди прислон.

Во меѓувреме Врховниот суд на Ирска го отфрли американскиот налог за апсење на Сноуден во случај ако тој слета на ирска територија .

“Му рековме на тоа момче: Те брка империја, дојди овде!“ изјавил Мадуро, мислејќи на САД. Понудите на трите латиноамерикански земји за Сноуден, Мадуро ги нарекол “колективен хуманитарен политички азил“.

Летот од Москва би можел да биде ризичен за Сноуден, бидејќи САД му ги поништиле сите лични документи, а проблематичен е и самиот лет – за што сведочи дипломатскиот скандал со приземјувањето на претседателот на Боливија, Моралес, чиј лет од Москва беше задржан во Виена поради сомневање дека таму се наоѓа и Сноуден.

Потпаролот на Стејт департментот предупреди дека секое овозможување на транзит и покажано гостопримство и евентуалното давање азил за Сноуден ќе има последици врз билатералните односи со Вашингтон.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi