BMW објави детаљи и слики на серијата 4 – кабриолет, која ќе почне со продажба на почетокот на 2014 година. Овој модел ке го замени досегашниот модел на 3-та купе и кабриолет, кој е за нијанса поголем. Во Европа BMW ќе понуди 2.0 турбо 4 цилиндричен мотор на моделот 428I и 3.0 турбо инлајн V-6 мотор на моделот 435I. Дополнително ке биде објавен и 2.0 турбодизел 4 цилиндричен за моделот 420d.
Сите кабриолети имаат редуцирана големина на просторот за багаж, но од BMW велат дека во однос на претходникот, багажникот е зголемен за 20 литри. Со кренат кров багажниот простор опфаќа 370 литри, а доколку кровот е спуштен, патниците и понатаму можат да рачунаат на 220 литри корисен багажен простор.
httpv://www.youtube.com/watch?v=MfMarvRLSdA